Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот.

 Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот.

Директорката на болницата Снежана Захариева за МИА изјави дека од вкупно заболените двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија. 

– Министерството е информирано за оваа ситуација и е побарана помош за организација на работењето на болницата, вели Захариева.