Во Козле поставени нови заштитни столбчиња

Општината Карпош информира дека по барање на околните жители и заради поголема безбедност на пешаците, поставени се столбчиња и на улица „Козле“.

Дел од жителите на Карпош веќе најавуваат дека и на други места низ општината ваквите столбчиња се оштетени или извадени па страдаат велосипедистите и пешаците.

- Кај пазарот Буњаковец има извадени столбчиња и наутро автомобили си возат по велосипедската патека. Ве молам проверете - јавува велосипедист од оваа општина.