Во Кисела Вода дете изгризано од куче

Детенце било каснато од куче во скопската населба Кисела Вода.

Во 20,50 часот во Полициската станица Кисела Вода, 41-годишниот М.М. од Скопје, пријавил дека на улицата “Михаил Чаков“ неговиот 13 годишен син бил каснат од куче.

Детенцето било каснато во пределот на рацете.