Во Кинотеката на Македонија ќе се одржи ревија на кратки филмови од „Астерфест“

 Филмовите што ќе бидат прикажани беа дел до 13-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“.

Ревијата ќе започне со добитникот на „Оскар“ за краток филм „Пеј“, во режија на Крисоф Деак од Унгарија, а потоа ќе следуваат добитникот на наградата „Златна потковица“ на 13-от Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“ – „Виолината на Џо“ во режија на Кахејн Куперман, анимираниот филм „Позајмено време“ на Ендрју Коутс и Лу Хамоу-Ла, добитникот на признанието за најдобар анимиран филм на „Астефест“ – „Авионот“ на Хесус Мартинез Нотана Хесус Мартинез, добиникот на наградата „Старозлатен проектор“ на „Астерфест“ – „Одот на пијаницата“ на Пол Арменгол, добитникот на признанието за најдобар краток филм – „Живее“ на Елена Пискарева, како и добитникот на наградата „Бронзена потковица“ – филмот „Посетителите“ на Тео Пападулакис.

Додека пак на 20 октомври, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал „Шнит“, во чии рамки ќе се прикажат шест краткометражни филма од шест различни земји.