Во Кинотека на Македонија: “Кино утро” со филмови за најмладите до 20 јануари

Во Кинотеката на Македонија традиционалното детско “Кино утро” до 20 јануари ќе прикаже уште три филма кои децата ќе може ги видат со почеток во 12 часот.

Така, денеска 16 јануари на репертоарот е филмот “Облачно со можност за дожд од ќофтиња”. Главниот лик е Флинт Локвуд се смета себеси за добар пронаоѓач на изуми, но никој не му верува во тоа, ниту пак тој успеал да создаде корисен изум. Кога неговото гратче ќе се најде во економска криза, тој ќе создаде машина што во атмосферата ќе предизвика дожд од храна…

Програмата продолжува утре (17 јануари) кога децата ќе можат да се дружат со “Малите виленици Пикси”. Дејствието се врти околу Џо Бек кој ја изгубил љубовта на неговиот живот поради “клетвата на Пикси”, која била фрлена на него откако ненамерно го уништил селото на малите виленици и го повредил принцот Вилијам.

Филмот е синхронизиран на македонски.

На 18 јануари ќе може да се погледне и филмот “Мармјадук”. Приказната зборува за семејство од предградијата во САД кое решава да се пресели во нов дом заедно со нивното големо куче Мармадјук, кое има способност да привлекува непријатности.

Филмот “Змејска топка 2” ќе се прикажува на 20 јануари. …Во недостиг на водач, остатоците од војниците на Фриз сега се под команда на вонземјанинот Соруба, кој решава да го оживее Фриз. Тие доаѓаат на Земјата, каде што ги собираат неговите делови, со намера да го состават.