Во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 30 минути во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“, 17 годишно лице од Гостивар подметна пожар.

Пожарот го подметнала по претходна вербална расправија со вработените во затворот, бидејќи не и било дозволено да влезе во кругот на затворот на посета, со запалива течност ја испрскала внатрешноста од оградата на затворот и тоа предизвикало пожар.

Од пожарот оштетен е еден прозор од пријавницата на затворот.

Малолетничката е приведена во Полициска станица Чаир и по извршениот разговор е ослободена.