Во Карпош засилено присуство на сообраќајната полиција за “Црн петок”

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев имаше работна средба со претставници од управата на ТЦ “Сити Мол”, на која стана збор за горливиот проблем околу паркирањето во овој дел на Карпош.

На него, тие ги усогласија своите гледишта и се договорија да има засилено присуство на сообраќајната полиција и пајак службите во периодот кога сообраќајниот метеж е најголем, како и за време на претстојниот “Блек Фрајдеј”.

Во насока на решавање на сообраќајниот хаос, службите на “Сити Мол” дополнително ќе ги насочуваат возилата на вториот влез на ул. “Љубљанска” кој е неодамна отворен (кај СЦ “Партизан”) и на третиот влез на ул. “Манапо”.

Целта е трајно да се реши сообраќајниот метеж во овој дел од Општината кој најмногу ги погодува граѓаните од Карпош 3 и Карпош 4.