Во јуни четири шимпанза ќе пристигнат во Зоолошката градина

Во тек е уредување и приспособување на простор за новите жители на Зоолошката градина, шимпанзата. Четири шимпанза се очекува да бидат донесени од Холандија во јуни годинава.

Во финална фаза е и новиот дом на шипанзото Коко, које во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија.

Оваа лето треба да пристигнат и многу други животни. Мај и јуни ќе бидат месеците во кои Зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат, како што се зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици.