Во јануари се прават резервации за летен одмор

Средина на зимата, а туристичките агенции во Македонија веќе ги објавија своите понуди за летен одмор 2020 година. Нудат попусти дури до 40 отсто за рана резервација.

Македонците во среде зима, прават планови каде ќе одат на летување.

Тие велат дека трендот кај Македонците се рана уплата се зголемува од година од година, па ако гледаат како тргна оваа, ќе имаат успешна година.

Како и секоја година, до сега најголема побарувачка има за Грција, но не изостанува ниту Турција, која за разлика од минатата година сега е за нијаса поскапа.

Тие велат дека има голем интерес и за далечните егзотични дестинации.

Раните резервации се секојдневие за развиените земји во светот, додека кај нас тоа почна да се применува пред пет-шест години. Со ваквата практика Македонците ја добиваат реалната цена за одмор.