Во Хром децата учат во преполовени училници за што родителите најавуваат протест

Група граѓани на општината Ѓорче Петров реагираат на намалениот простор наменет за училни во училиштето  Димитар Беровски во Хром. Тие велат дека намалувањето на училниците е против сите стандарди кои до сега се практикуваат во образованието во современиот свет. Се споменува и проблемот со вакцинацијата на децата се бара одговор дали се примаат или не се примаат невакцинирани деца како првчања. 

Ви ја пренесуваме реакцијата во целост: 

„ На барање на повеќе родители ви го претставуваме нивниот проблем во училиштето Димитар Беровски во Хром.
За што станува збор?
Имено, станува збор за преполовување на училниците и скратување на нормалните услови за настава на учениците. Не водејќи се од процедурите и нормативите за тоа како треба да изгледа една училница, и во кои димензии треба да е истата, директорката на училиштето заедно со локалните власти тие училни ги преполовува и со тоа ги крати нормалните услови на настава. На сликиве може слободно да ги видите тие училни, а воедно може да видите и како треба да има изглед една нормална училна.
Револтот на родителите е голем, и тие на следниот состанок со директорката очекуваат решение на нивниот проблем, или во спротивно како што викаат тие, ќе престанат да ги испраќаат децата на училиште се додека овај проблем не се реши.
Состанокот е закажан за 18-ти септември а во меѓувреме нема ни трага ни глас од директорката со што родителите се чуствуваат изманипулирани, што поради одолговлекувањето што поради нивното игнорирање.
Директорката за нив важи како личност која лесно се впушта во кавги со деца за што и сведочат нивните кажувања за случка од минатата школска година во која таа има хистерично издеравање во школкиот двор врз некое дете за кое сведочат тие.
Името на директорката за да нема забуна е Сашка Новковска, нов кадар поставен од локалните власт. Но чив кадар е не е проблем, проблем е нејзиното контрапродуктивно работење и однесување.
Кога сме кај односот на образовните лица, овде мора да ја споменеме и новата наставничка Венка Миновска која на родителска средба ги убедувала дека училната била во ред со квадратурата и ги праша родителите дали знаеле дека Анштајн учел во помала училна од оваа?.
Овде иде она "Бог да чува".
Е оваа е наставник.
Во пресрет на родителите излегуваме и со ова прашање:
- Дали, директорката прими првачиња без вакцини и дали тие деца се деца на членови на сегашнава власт а други деца без вакцини не беа примени?
Очекуваме одговори на состанокот со директорката кој го закажала за на 18ти Септември во 18 часот.
Секако, ако не им пукне филм до тогаш на родителите па да треба порано да побараат средба. Закажала состанок после скоро 2 недели од почеток на школска година за проблем кој е приоритетен.
Очигледно притисокот на родителите е голем и таа избегнува од одговорност.
Ете, доживеаа хромци децата да им учат во пола училна и да се гушат за чист воздух.

п.с....Продолжуваме да го пратиме проблемот, и тука сме за све...пишете да ви помогнеме...ваш Ѓорче Петров.“ - се вели во реакцијата од групата граѓани.