Во хаосот на брзо живеење, не заборавајте: Редовното вежбање ги подобрува концентрацијата и креативноста

Многу истражувања покажуваат дека редовното вежбање го подобрува здравјето на нашиот мозок, особено кај возрасните луѓе кои се соочуваат со ризик од деменција. Според новото истражвуање објавено во Неврологија, Медицинското списание на Американската академија за неврологија, редовното вежбање може да ги подобри фокусоти концентрацијата кај младите луѓе.

Всушност, ако се соочувате со поспаност, недостаток на концентрација и фокус, можете да си помогнете ако тргнете на кратка прошетка.

Истражувањето опфатило луѓе на возраст од 20-67 години кои не вежбале редовно. Тие биле поделени во 2 групи со различни вежби. Било покажано дека и двете вежби придонесуваат значително за подобрување на концентрацијата,  фокусот и креативноста, но и севкупното здравје на нашиот мозок на долг рок.