Во Гази Баба фрлени 130 тони сол и ризла

Во изминатите денови на територијата на општина Гази Баба досега се фрлени 130 тони сол и ризла од фирмите задолжени за зимско одржување.

Од општината информираат дека приоритет имаат улиците по кои се движат возила за јавен превоз и угорните улици во населбите Железара и Ченто. Исто така постојано се интервенира и во сите населени места, Стајковци, Брњарци, Страчинци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани и Раштак.