Во детскиот културен центар „Карпош“ фестивал „Инструментите на моите предци“

Детскиот културен центар „Карпош“, за прв пат ќе ја организира манифестацијата и натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ која ќе се одржи почнувајќи од денеска до 17 ноември.

Овој фестивал чиј покровител е Град Скопје е наменет за деца до 17 години.

Во ревијалниот дел, денеска во ДКЦ „Карпош“, од 19 часот со нашите виртуози, преку звукот на народните инструменти, публиката ќе отпатува во различни предели и региони на нашата држава, со цел да се потсети на подзаборавените песни и ора.

Преку овој фестивал и културно натпреварување на народни и класични инструменти, ДКЦ „Карпош“, преку магијата на звукот на: кавалот, тамбурата, тапанот, кларинетот, гајдата, хармониката, има за цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија – велат од оваа институција.