Во денешно време сите бираат несериозни врски, затоа што немаат време за љубов!

Во просек, човек дневно троши 8 часови на работа и речиси исто толку во спиење. Остатокот од времето трча за да живее онака како што сака. Земајќи ги предвид непредвидените околности, што е тоа што останува? Потребата. За некој со кого ќе ги пополниме тие два слободни часа. А тука не сакаме дополнителни фрустрации, лоши околности и промени. Сакаме се и сакаме веднаш. Затоа лесните односи и несериозните врски ни го даваат тоа што ни треба. Слободата да не се јавуваме, да не мислиме и да не очекуваме, затоа што всушност и не мораме.

За љубов е потребно време, но вистински потрошено и посветено на оние кои ги сакаме, претпоставувајќи дека и тие нѐ сакаат нас. Љубовта не доаѓа само туку-така. Љубовта не оди по распоред, таа не бара место и време.

Луѓето бараат секс затоа што во системот работа-дома, сфатија дека животот и нема баш некоја смисла. Динамиката е изедначена и суштината на секојдневието, дури и да ја работиш најдобрата работа е во тоа 8 часови да бидеш затворен на работно место, а истите тие часови потоа ги преспиваш. Третина од денот е нешто што себично сакаме да го живееме со полни гради. А љубовта понекогаш отежнато дише.

Две третини од денот остануваат како чиста неизбежност на животот кој и не е секогаш убав, но тој се огледува во надежта. Исчекувањето и радоста поради некој кој не чека за да ја поделиме таа една третина од денот.

Човекот е суштество испреплетено од потреби. Дава, но најмногу бара и сака. Освен кислород, храна и љубов. Понекогаш љубовта се заменува за добри компензации за нејзините делови. Да бидеме реални, сите некогаш сме биле во фаза во која немаме многу трпение, волја и желба да трпиме некого. А и ние самите не сме баш најсовршените луѓе, но токму затоа луѓето се лишуваат од љубов. Затоа што е проклето напорна. Од нас ја бара суштината на нашето битие. А тоа не сакаме да го дадеме толку лесно. Телото секако е само тоа што е. Тело кое взаемно се троши.

Љубовта те поддржува, проникнува низ тебе и те исполнува.
Те насмевнува и расплакува.
Но, трае.
Сексот е само секс.