Во четири земји може да патувате само со лична карта

Летото е време кога почесто се патува, а ако се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно пари (во готово, кредитни картички, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.

Македонските државјани место со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, затоа што со овие четири држави Македонија има потпишано билатерални договори.

За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува, но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување пари.