Во Чаир собрани 155 кубни метри шут и смет

На крај на 2017 година, во координација со Град Скопје, ЈП “Паркови и зеленило” и ЈП “Комунална хигиена” со цел организирање на заеднички акции за чистење, на територија на општина Чаир беа ангажирани 330 работници со што беа собрани 35 кубни метри градежен шут и 120 кубици комунален смет.

– Ваквите акции ќе бидат воспоставена пракса и токму за оваа цел во Буџетот на Општина Чаир се планирани средства за чистење на дивите депонии и поголема соработка со ЈП “Паркови и зеленило” и ЈП “Комунална хигиена”. Наша заедничка цел е да го направиме Чаир една од најчистите општини во Град Скопје – велат од општината.