Во Центар за една недела со „пајак“ кренати 179, „блокатор“ поставен на 144 возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 323 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 23 до 29 декември со помош „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 179 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 144 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштија од ЈП ПОЦ.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.