Во Центар виртуелен оган наместо горење дрва

Загадувањето во последните неколку дена во Скопје повторно е алармантно и животозагрозувачко. Многу невладини организации испратија апели вечерва да не се палат традиционалните бадникарски огнови и да не се допридонесува кон загадувањето.

Како тоа се прави на дело, најдобро се покажаа центарци. Вчера вечерта наместо вистински оган, пред фонтаната во Градски парк се прикажуваше проекција на која гори оган.

Ова не ги спречи граѓаните да го одбележат Коледе. Напротив, и вечерта тука се пиеше греана ракија, се јадеше посна сарма и гравче.