Во Центар скопјанец бил нападнат па прегазен со возило

На 17.02.2020 во 01.00 часот во Полициската станица Центар, Ѓ.Т.(45) од Скопје пријавил дека на 16.02.2020 околу 21.30 часот пред угостителски објект на ул.„Македонија“ тој и А.Т. биле физички нападнати од две лица, кои потоа со патничко возило „опел астра“ го прегазиле во пределот на стапалото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.