Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево – 47

Снежната покривка во Битола сотигна до 55 сантиметри, додека во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40 сантиметри снег, 37 во Лазарополе, 32 на Попова Шапка, 30 во Прилеп и Дебар, 23 во Скопје-Петровец, 18 во Тетово и Берово, 14 во Претор, 11 во Охрид и Куманово.

Најмногу дожд во текот на ноќта наврнал во Претор, Битола, Демир Капија и Крушево.

Најниски температури се забележани во Маврово и Лазарполе -7 Маврово,-5 во Крушево, -4 во Охрид, Куманово, Дебар, -3 во Претор, -2 во Прилеп, К.Паланка, Тетово, Берово.