Во автомобил пронајден кокаин - две лица приведени

На 13.08.2019 околу 4 часот и 25 минути, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол. При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, поради што двајцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.