Во АВРМ евидентирани над 8100 слободни работни места

Над 8.100 слободни работни места се бараат на пазарот на труд. Фирмите имаат потреба од различен кадар, најбари се работниците со стручно образование. Платитете скоро кај сите – идентични – 10. 080 денари, колку што во моментов изнесува минималната плата.

- Состојбата мора да се промени. Газдите мора да сфатат дека не можат да даваат толку ниски плати. Ќе нема работници, некои  веќе се соочуваат со таков недостаток на работници, изјави Раде Ненадич, Агенција за посредување при вработување ( 20,06).

Експертите препорачуваа – младите да се запишуваат на оние струки кои се дефицитарни на пазарот. Како пример наведуваат дека само доаѓањето на било каков мајстор дома – чини 1,000 денари. Во моментов нема ниту еден програмер кој е невработено,   а според статистичките податоци – се и најплатени на пазарот.Од друга страна, Владата вети згоелмување на минималната плата од септември. Законот веќе се наоѓа во Собранието, и предвидува- разликата од 10 до 12 илјади денари првите две години да ја субвенционира Владата.