Во акциска контрола полицијата исклучуваше и казнуваше возачи

Во текот на изминатата вечер, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за откривање на возачи што управуваат со возило под дејство на алкохол.

Според информациите на полицијата кај 61 возач утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите тие 63 возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани.

Откриени се и 118 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози, велат во полициското соопштение.