Во Аеродром утре крводарителска акција

Општина Аеродром и Црвен крст утре  од 10 до 14 часот организираат крводарителска акција во просториите на општината под мотото „Дарувај крв-спаси живот“.

„На крводарителската акција крв ќе дарува градоначалникот Златко Марин и дел од вработените во Општината, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот“, соопшти Општината.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните и крводарителите да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот.