Во 16:30 часот стануваме членка на НАТО

Претседателот Стево Пендаровски преку видеообраќање информираше дека денеска во 17:30 часот по македонско време нашата земја ќе стане 30-та членка на НАТО.

„Официјалниот прием ќе биде денеска во 11:30 часот по американско време во Вашингтон, во главниот град на САД. Иако поради тешкиот период низ кој поминуваме не можеме да се израдуваме и да ги одбележиме овие настани како што доликува, сепак, станува збор за успеси кои речиси по три децении независност ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина“, вели во своето обраќање претседателот Пендаровски.