Детските играчки се едни од нај небезбедните производи што се продаваат во државата. Од 2600 граѓани кои минатата година поднеле приговори и поплаки во Организацијата на потрошувачи, најголемиот дел жалеле токму на квалитетот на играчките.

Високо на листата е и неквалитната бела техника, мобилните телефони, козметичките производи и текстилот.  Царината пријавила 402 случаи на небезбедни производи кои требало да се увезат во Македонија, од кои 354 се исто така за детски играчки, а останатото за лична заштитна опрема, ваги и слично. Од Организацијата велат дека, граѓаните купуваат неквалитетни, расипани производи, а притоа не си ги знаат правата.

Од Министерството за економија велат дека се неопходни почести контроли на квалитетот на производите, но и поголема информираност на граѓаните.

Проблем се и зелените пазари, на кои се продава се` и сешто, а нема толку обемна контрола, како во ланците на супермаркети. Тоа, според надлежните, не значи дека производите во супермаркетите се поквалитетни, но посочуваат дека се неопходни позачестени контроли и на пазарите, особено за употребата на пестициди.