Внимавајте ве снима: Млад скопјанец се бори против сообраќајната некултура (видео)

Овој млад скопјанец сведок е на многу прекршоци и незгоди на скопските улици.Тоа е и неговиот мотив да почне да ги снима прекршоците со камера и видеата да го поставува на „Јутјуб“ на каналот „Мото-влог – Скопје“.

 

Секој ден има сообраќајна незгода со мотор, затоа и го првам ова, снимам видеа и ги ставам на каналот. Се надевам дека ќе се подигне свеста. Ова не го правам за пари, туку да ја подигнам свеста дека треба да се почитуваат сообраќајните прописи и правила - објаснува сопственикот на каналот „Мото-влог - Скопје“.

- Велат дека пешаците се најзагрозена категорија, а од она што сум го забележал на камерата, можам да кажам дека тие се виновници за голем дел од незгодите. Поминуваат среде булевар со четири ленти движејќи се бавно, поминуваат на црвено. Освен нив, и оние што возат мали мотори поминуваат на црвено без проблем иако е помалку од секунда да се случи најстрашното. Многу возачи во автомобилите зборуваат на телефон додека возат и не се свесни дека со тоа го доведуваат во опасност не само својот туку и животите на оние околу него - вели младиот ентузијаст.

Многумина го поддржуваат, но има и такви што не го поддржуваат. Добива и заканувачки пораки на „Јутјуб“ во смисла кој е тој да снима на улица, не е полицаец и сл.