Внимавајте што јадете: Топлото време носи „ешерихија" и „салмонела"

Започна периодот на високи температури, но при високи температури многу побрзо се разможуваат и бактериите. Многумина сметаат дека со храна можеме да се отруеме само во ресторани, но труењата најчесто се случува во домовите.

Салмонела, ешерихија коли и стафилококните бактерии се најчестите предизвикувачи на ваквата состојба.За да се спасиме од мачните симптоми на труење, лекови, инфузии или лежење во болница тие советуваат да бидеме повнимателни, а доколку се случи труење навреме да побараме помош. 

КАКО ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ ТРУЕЊЕТО СО ХРАНА?

Не консумирајте недопечено месо.

Не јадете неприготвено месо. Пилешкото месо не треба да има розова боја. Ако сте во ресторан и ви донесат парче пилешко месо со розова боја, вратете го. Ако сте дома, продолжете да го готвите. Кај црвеното месо многу полесно можете да утврдите дали е живо. Живото месо содржи бактерии, кои може да му наштетат на вашето здравје.

Не го ставајте готовото јадење во чинија во која претходно имало живо месо. Се разбира тоа не важи ако сте ја измиле.

Редовно мијте ги рацете. Верувале или не, сè уште има луѓе кои го прескокнуваат овој важен дел од личната хигиена. Задолжително мијте ги рацете ако претходно сте биле во допир со живо месо или јајца.

Чувајте ја кујната чиста. Ако редовно ја чистите кујната, ќе го спречите развивањето на бактерии кои влијаат лошо на вашето здравје.

Задолжително мијте ги рацете ако претходно сте биле во допир со живо месо или јајца.Мијте го овошјето и зеленчукот пред консумација. Ова правило секој го знае, затоа уверете се секогаш да се придржувате кон него.

Избегнувајте ја брзата храна во лето. Жешкото време го помага размножувањето на бактериите, особено во кујните каде што помалку се одржува хигиената. Избегнувајте ја консумацијата на слатки, мајонез, месо и јајца во местата за хранење, каде што не сте сигурни дали храната е пресна.

НА КОЛКУ СТЕПЕНИ СЕ УНИШТУВААТ БАКТЕРИИТЕ 

Храната треба добро да се обработи термички, а особено месото, живината, јајцата и морската храна, за да се уништат живите микроорганизми. При термичка обработка на месото, треба да сме сигурни дека достигнало температува од 70 степени целзиусови. 
- При подготвувањето на супи или варива, бидете сигурни дека се зовриени и дека достигнале минимум 70 степени Целзиусови. Кога ја загревате веќе подготвената храна, направете го тоа добро – велат од ИЈЗ. Подготвената храна не смее да стои на собна температур подолго од 1 час, а смрзнатата треба да се одмзнува во ладилник.