Внимавајте при посета на Грција: Во маркетите се продава храна со поминат рок, со пониска цена

Од неодамна во грчките маркети се продава храна со поминат рок по пониски цени.

Ваквата одлука ја донеле трговци заради економската криза со цел да се олесни животот на Грците кој станува се потежок, како и да им помогне на  најзагрозените граѓани.

Производите со поминат рок најчесто се изложени на посебно место и обележани со посебен натпис, а на нив има предупредување дека се опасни за животот на купувачите.

Во зависност од производот, рокот на траење се „продолжува“ за три месеци. Производите се нудат во маркетите, но не и на рестораните или други места каде се подготвува храна.