Внимавајте – овие уреди трошат струја и кога не работат

Дали знаете дека некои апарати во домаќинството водат “таен” живот и продолжуваат да работат дури и кога ќе го стиснете копчето за исклучување.

Полнач без мобилен телефон

Полнач оставен во струја троши енергија дури и кога на него не е приклучен телефон. Потрошувачката е минимална, па нема претерано да ве удри по џебот.

Компјутери и лаптопи

Дури и кога се исклучени работат и трошат струја. Но ако ги исклучите од струја ќе заштедите и до 100 евра годишно.

Уреди со тајмер

Со исклучување на еден толку незабележителен детаљ како што е тајмерот на вашиот шпорет, микробрановата печка или машината за перење годишно ќе заштедите и до 120 евра.

Телевизори

Дали знаете дека со притиснување на копчето за исклучување всушност телевизорот го префрлувате во режим на мирување. Ова годишно ви зема околу 25 евра.