Внимавајте на правилата и прописите во сообраќајот ако патувате во странство, казните можат да бидат многу големи

Летото е особено актуелно за патување во некоја странска држава. Секоја држава си има свои посебни правила и прописи во сообраќајот и на патиштата, па така секогаш мора да внимавате и пред време да ги знаете истите за да не добиете високи казни.

Чудни сообраќајни закони:

1. На Алјаска е забрането да се вози куче врзано на кровот од автомобилот.

2. Во Калифорнија е забрането да се спие на коловоз, а не е дозволено ниту пукање во животни од автомоилот.

3. Во Њу Џерси не смеете да му се намрштите на сообраќаен полицаец.

4. Во Данска пред да го запалите автомобилот, мора прво да погледнете под него.

5. Во Колорадо постои закон според кој е забрането да се вози црн автомобил во недела.

6. Во Кипар е забрането да се јаде и пие додека се вози.

7. Во Њу Орлеанс постои сообраќаен закон кој вели дека ако жена управува со автомобил пред неа мора да оди маж со истакнато црвено знаме во знак на предупредување.