Внимавајте: На овој пат кој води до Грција има најмногу сообраќајки

Шеесетгодишна државјанка на Србија во саботата загинала во сообраќајна незгода помеѓу два автомобила на местото меѓу Удово и Марвинци, кај Гевгелија.

Токму на ова место е црната точка на патот кон Грција и многу голем број на жители од Србија загинуваат на ова место. Како што објаснуваат експертите, за тоа најмногу е виновен - заморот.

Македонската полиција предупредува дека од година за година, се повеќе се зголемуваат сообраќајните несреќи на патот Скопје-Гевгелија, на која учествуваат граѓани од Србија.

На овој автопат ограничувањето е 130 километри на час, но патот е нерамен и многу е ризичен. Треба да се обрне внимание на работата на патот и делниците.