Внимавајте кога се логирате на Фејсбук- се шири измама

Станува збор за тоа дека може да се логирате на еден друг сајт кој е речиси идентичен со фејсбук. 

Сите кои имаат фејсбук профил може да бидат жртва на оваа нова измама.Имено, доколку при обидот да се логирате на оваа социјална мрежа добиете порака во која се констатира дека имате проблеми при логирање и дека треба да кликнете на копчето за тие автоматски да ве логираат. Немојте да наседнувате на ова и веднаш напуштете ја страната бидејќи некој се обидува да ви го хакне профилот.

Се работи за тоа дека некој ви подметнал линк од некоја друга страница која е 100% слична на фејсбук со цел таму да ги пишете вашите лични податоци и лозинка за логирање. Откако ќе го направите тоа, вешите приватни информации ќе му пристигнат на сопственикот на таа лажна страница, а вие ќе останете без фејсбук профил.

Измамата делува доста реално па внимавајте што правите и известете ги другите кои ги познавате.