Внимавајте каде паркирате, пајакот однел 81 возило

Вкупно 11 сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Две од нив се со телесни повреди, а осум со констатирана материјална штета.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 81 возило.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 18 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Санкционирани се и четворица пешаци кои  сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се 32 непрописно паркирани возила.