Внимавајте и заштитете си ги децата - Педофилите демнат и од зад мониторите

По информациите дека на социјалните мрежи се отворени профили наменети за корисници од земјите на поранешна Југославија, кои без забрана или цензура отворено повикуваат на инцест и педофилија, во МВР нема пристигнато ниту една пријава. Сепак, тоа не е охрабрување.

- Таа појава не е забележана во Република Македонија. Доколку се забележи група од ваков карактер, социјалната мрежа Фејсбук автоматски ги отстранува тие групи со цел превенција од можна злоупотреба на деца преку интернет, информираат од полицијата.

Сепак, тоа не е охрабрување. Педагозите, социолозите и борците за човекови права велат дека родителите треба да бидат многу внимателни кога е во прашање интернет комуникацијата на нивните малолетни деца. Особено по фрапантната информација дека групите кои отворено ги афирмираат педофилијата и инцестот имаат илјадници членови. Ова го потврди неодамна новинарка од хрватски индекс.хр, која преку лажен профил се приклучила на една од групите која имала без малку 1.100 следбеници.

Но само два клика на кое било дете што користи социјална мрежа, се наоѓа содржина од која се превртува желудник на возрасен човек, напиша новинарката згрозена од пораките кои ги разменувале членовите. Таа вели дека администраторите на групите се менувале во текот на тие денови но, една од нив била Хрватка од околината на Сисак, другата била дваесетгодишна белграѓанка, трет бил Бошњак кој живеел во Шведска.

Во денешно време кога сите ние поголемиот дел од денот го живееме виртуелно, сите корисници на социјалните мрежи мора да бидат внимателни со кого воспоставуваат контакт и разменуваат информации, потсетуваат од Здружението за човекови права. Апелираат до возрасните да разговараат со децата и да им посочат кои се опасностите кои ги нудат разноразните лажни профили и групи.

Денеска, поголемиот дел од денот, го живееме виртуелно. Речиси и да нема ден кога нема да размениме некоја информација со пријателите преку социјалните мрежи, или пак нема да отвориме за да ѕирнеме во „туѓиот двор" и да видиме кој каде бил на одмор, што јадел или каков костим за капење има...И во таа какофонија од информации и лица со кои „виртуелно" се дружиме често пати заглавуваме во профили на лица за кои првпат слушаме, на нивните фотографии, статуси, приказни едноставно не привлекуваат...И така, полека но сигурно стануваме нивни „следбеници", несвесно станувајќи дел од некој лажен свет. Прифаќаме да бидеме нивни пријатели, без да знаеме кој навистина стои зад тој профил, а најчесто се тоа лажни профили зад кои се кријат лица кои надвор од виртуелниот свет не се ваши пријатели или пак глумат дека се незаинтересирани за вас кога ќе ве сретнат, посочуваат од Новинари за човекови права.