Двајца каснати од змија мината недела завршиле на Клиниката за инфективни болести. Едно од нив било дете кое веќе го пуштиле на домашно лекување.

Повозрасниот пациент се уште е на Инфективна, но лекарите велат дека не е во тешка состојба.  Како што пишува Сител, месецов и стотина граѓани побарале помош поради убоди од инсекти.

- Доколку се види дека има крлеж, мора да се отстрани со пинцета, доколку се претпостави дека еден дел останал тогаш да се побара лекарска помош. Потребно е местото на убодот да се набљудува барем 30-тина дена и да се види дали има црвенило и дали тоа се шири по телото што може да сугерира на појава на некоја болест, вели Александар Миќиќ, епидемиолог во ИЈЗ за Сител.