Внимавајте: Бугарски џепчии крадат низ Скопје, ограбиле жена на Кеј

СВР Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднесе кривична пријава против И.Е.Т. (27) и И.С.И. (20) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 10.овој месец околу 17.30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“, во менувачница, пријавените забележале лице како менува пари и се доближиле.

Додека И.С.И. се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, И.Е.Т. со протнување на рака во чантата и одзела 55.530 денари.