Внимателно при купување од интернет продавниците

Надлежните апелира до граѓаните на зголемена внимателност при купувањето преку интернет.

На потрошувачите им посочуваат при купување на интернет да внимаваат дали веб продавницата ги исполнува законските услови да продава производи или услуги преку интернет, односно дали е јасно наведено која фирма го продава производот или услугата, кое е седиштето на фирмата, каде може да се врати производот, дали има телефонски број за контакт и дали има објавено формулар за враќање на производ каков што е предвиден со Законот за заштита на потрошувачите.

Потрошувачите, особено треба да внимаваат при купувањето на производот да им биде врачена фискална сметка или друг валиден документ согласно закон, кој го издава трговецот кој го продава и испраќа производот, а не доставувачот.

Во изминатиот период на социјалните мрежи се појавија голем број реклами на интернет продавници кои нудат услуги или производи на потрошувачите, најчесто со цени што се значително помали од цените на таквите производи кои се наоѓаат во малопродажните маркети, a производот или услугата изгледаат подостапни преку интернет и најверојатно од тие причини потрошувачите се решаваат да ги купат тие производи по пат на интернет.