Ако ги пиете овие лекови, никако не излегувајте на сонце

Лекарите препорачуваат ако пиете антиреуматици, сулфонамиди и тетрациклински антибиотици, кинолонски антибиотици, орални контрацептиви, некои орални антидијабетици, трициклички антидепресиви, антиаритмитик амиодарон па дури и некои билни лекови да не излегувате на сонце.

Некои лекови и помошни средства не може да се комбинираат со сонце бидејчи може да предизвикаат алергиски реакции не само на кожата, туку и на организамот.

Ако користите одделни антибиотици, анти-беби апчиња или сте на терапија со кортикостериоиди, а веќе сте го испланирале летувањето, констултирајте се со лекар.  Од овие лекови може да добиете алергија и флеки по кожата кои подоцна не може да ги отстраните.

Слично е и со кантарионот. Тој може да предизвика фото-сензитивни реакции по кожата. Иако ова масло е одличен лек против изгореници, не смее да се користи пред и за време на сончање.

Парфеми, пилинзи и други препарати може да предизвикаат осип, јадеж и лупење на кожата ако дојдат во директен контакт со сонце.