ВМРО-ДПМНЕ: Заев бега од дуел затоа што нема аргументи за криминалот

„Зоран Заев бега од ТВ-дуел со претседателот Христијан Мицкоски затоа што нема аргументи со кои ќе ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. СДСМ е единствената партија во светот која протестира против себеси. СДСМ веќе подолг период не знае што прави. СДСМ го загуби компасот, а сега ќе ги загуби и изборите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев е измамник тој 3 години лаже и манипулура со граѓаните, а сега бега од соочување.

„Заев бега од дуел затоа што нема како да ги оправда милионите на Вицето.Заев се плаши од дуел бидејќи нема како да објасни зошто фирмата која ги добива тендерите во Министерството за здравство гради куќа со тештата на Венко Филипче. Заев се крие затоа што го стави во спрега судството и нема обвинител кој ќе ја расчисти неговата улога во Рекет 1 и 2.
Заев бега од дуел затоа што неговиот генерален секретар на влада – Рашковски е фатен во милионски криминал со Леонардо и Сархемс. Заев бега од дуел затоа што е во криминал до гуша.
Заев е измамник кој глумеше демократ, за сега да си го покаже лицето на автократ“, се додава во соопштението.