ВМРО-ДПМНЕ со повик за марш до граѓаните

ВМРО-ДПМНE вчера преку соопштение ги повика сите граѓани, патриоти, без разлика на нација, вера и припадност, секој човек кој ги осудува реваншизмот, политичкиот прогон и неправдата, денеска да излезе и да им се придружи на маршот пред Министерството за правда.

Како што најавија, маршот ќе се одржи во 16:30 часот пред Министерство за правда.

Синоќа ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзаници се собраа пред затворот во Шуто Оризари, каде протестираа против притворањето на учесниците во немирите од 27 април. Меѓу присутните беа лидерот на партијата, Никола Груевски, пратеникот Влатко Ѓорчев, екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, Христијан Мицковски, Иво Котевски и други.