ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева не сака да соработува со Обвинителството

Вчерашното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата преку соопштение го критикува тоа што Јанева дала исказ како сведок во присуство на адвокат.

„Нејзиниот адвокат истовремено правно застапува еден од таргетите во случајот „Империја“ на СЈО. Ова е навреда за секој чесен граѓанин кој очекува правда во Македонија и кој сака нашата држава да ја види како успешна приказна.
Очигледно е дека Јанева не сака да соработува со обвинителството. Очигледно е дека таа застана во одбрана на главата на криминалниот октопод аболицираниот криминалец Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата го повтори ставот дека истрагата мора да се прошири за да се откријат сите пипци на октоподот, меѓу кои Кики, Фрики и Шеки кои, како што смета ВМРО-ДПМНЕ, водат директно до премиерот, Зоран Заев.