ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи митинзи во три градови.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во 13 часот митинг ќе одржат во Кратово.

Вториот митинг со почеток во 18 часот е во Пробиштип и во Крива Паланка со почеток во 20:30 часот.

Средби со граѓани денес ќе бидат одржани во Ранковце и Старо Нагоричане.