Влезниците за Exit Авантурата достапни од 4. декември

Exit Авантурата и следното лето ги води луѓето од целиот свет на најголемото фестивалско летување во Европа, од Петроварадин до Јаз, а верните фанови и оваа година ќе имаат прилика за влезниците со најголем попуст! 

Exit фестивал ќе се одржи од 7. до 10. јули на Петроварадинска тврдина, по што забавата ќе продолжи на плажата Јаз покрај Будва, на третиот по ред Sea Dance фестивал од 14. до 16. јули.Атмосферата од Exit и Sea Dance фестивалите во странските и домашните медиуми, како и според впечатоците на публиката и изведувачите е до толку посебна што често е означена како магична – а поради тоа и овогодишната тема е токму Exit Magic (Егзит Магија), симбол за емоцијата која ја чувствуваат сите кои се впуштиле во Exit Авантурата.

Чувството на љубов кон слободата и музиката, чувството кое може да го промени светот на подобро. Во рамки на најавата за следното издание на Exit Авантурата, која ќе донесе бројни иновации во различни сегменти и ќе привлече луѓе од сите краишта на планетата, е објавен и официјалниот трејлер за публиката од целиот свет:Exit Magic – Официјален трејлер за Exit Авантура 2016:https://www.youtube.com/watch?v=qdBcYUuLyqg&feature=youtu.be

Најповолните влезници ќе бидат достапни веќе во петок 4. декември, точно на пладне, по цена од 3.599 денари, што претставува заштеда од дури 60% во однос на финалната цена на целиот пакет за Exit Авантурата! Оние кои ќе ги купат четиридневните влезници за Exit во рамки на декемвриската акција, ќе добијат иподарок влезница за Sea Dance фестивалот, која потоа е неопходно да ја регистрираат во периодот од 1. до 31. март на www.exitfest.org.

Бројот на промотивните влезници е строго ограничен, а во Македонија овие влезници ќе бидат достапни преку МКтикетс.

На 4. декември на пладне, истотака во продажба ќе се најдат и ограничениот број влезници само за Sea Dance фестивал, по цена од 2.220 денари, што е дури 60% заштеда во однос на финалната цена!