Влезница со 50 % попуст: Јуни историски најбогат со сериозни светски концерти во Скопје

Јуни е навистина историски најбогат со сериозни светски концерти во Македонија, па затоа, Купи Карти За Сè во соработка со „Авалон Продукција“, реши да направи акција со која ќе се потруди да им овозможи на сите оние што сакаат да бидат присутни на двата концерта што следуват (Енрике Иглесијас и Џон Њуман), и да можат да си го дозволат тоа.

Бидејќи концертот на Енрике Иглесијас, закажан за 20 јуни е пред целосно распродавање, од утре секој што има билет за Енрике Иглесијас, може да оди на истото продажно место каде што го купил и да си добие влезница за концертот на Џон Њуман кој е наредниот ден по концертот на Енрике, со 50 отсто попуст.

Да појасниме - доколку сте купиле влезница за Енрике Иглесијас, и сте платиле 1.500, 1.990, 2.600 или 3.100 денари (во зависност од категоријата), со доплата од 500 денари, можете да добиете карта за Џон Њуман за партер, или за доплата од 700 ден, можете да добиете карта за фан пит или трибини!

Бидејќи и продажбата за концертот на Џон Њуман оди многу солидно, оваа акција е ограничена и важи само за првите 3.000 луѓе коишто имаат купено карти за концертот на Енрике.

Билетите можете да ги побарате на сите продажни места на Купи Карти За Сè низ Македонија.