Влегле во маркет со пиштоли и им го одзел дневниот промет

Во текот на вчерашниот ден во 19 часот и 20 минути во Скопје на булеварот „Борис Трајковски“ две непознати лица, од кои едното вооружено со пиштол, извршиле разбојништво во маркет.

Насилниците, според податоците на полицијата, влегле внатре, ја затвориле  вработената во една од помошните простории и го одзеле дневниот промет, по што избегале.

Полицијата превзема мерки за целосно расветлување на настанот.