Влатко Стефановски во март ќе одржи концерт во Скопје

Во ноември минатата година, Влатко Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик”. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.

На 17 март годинава, пак, гитаристот ќе одржи концерт на кој првпат пред македонската публика ќе биде претставен материјалот.

Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.

Специјални гости ќе бидат балканската етно-дива Биља Крстиќ и членовите на групата „Љубојна”, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје.