Масажите имаат позитивно влијание врз психофизичката состојба на телотопреку која се доведува до намалување на болката, стресот, анксиозноста, депресијата и подобрување на циркулацијата, концентрацијата и имунитетот. Помислата дека ќе се масирате е прекрасна. Всушност се чувствувате  подобро уште пред терапевтот да влезе во просторијата. Тивката релаксирачка музика, пригушената светлина и мирисот на маслата за масажа, во комбинација со благотворното и пријатно чувство од допирот на терапевтот придонесуваат да добиете чувство на смиреност, опуштеност и длабока релаксација на вашите сетила. Масажата е една од најстарите природни медицински методи и се користи од пред 5000 години. За најстара се смета ,,мануелната масажа” која има многу ефекти врз мускулатурата на телото.

За најдобрите масажи и за неговиот работен ангажман во спа центарот Анне Семонин – Хотел Руссиа, разговараме со Влатко Милчевски – физиотерапевт.

Скопје Инфо: Колку се бараат масажите? 

Со отворањето на многубројните спа и медицински центри масaжите не биле никогаш подостапни поради тоа се многу барани. Предноста на хотел Руссиа и спа центарот Анне Семонин е што нуди спој помеѓу медицинските и релакс масажи и со самото тоа е многу посетен.

Скопје Инфо: Дали масажата е луксуз?

Па не би рекол дека е луксуз туку повеќе потреба бидејки како што знаеме човечкото тело е створено да е во постојано движење, а во ова модерно општествоповеќето имаат канцелариски работни позициипри што најмногу страдаат вратниот и лумбaлниот дел.

Скопје Инфо: Кажете ни повеќе за Вашиот ангажман во спа центарот Анне Семонин –Хотел Руссиа?

Соработката со спа центарот Анне Семонин се случи спонтано. :) Ми се допадна проектот, а воедно и можноста да се работи во најлуксузниот спа центар во регионот. Тоа го покажуваат и многубројните награди во изминататагодина. Би сакал да ја издвојам наградата од Balkan Spa Awards за најдобра спа инвестија во балканот (најдобар спа центар). Особеначест ми е тоа што сум  и сертифициран терапевт на светски познатата козметика на францускиот производител Анне Семонин која бија препорачал на секого.

Скопје Инфо: Кои масажи најмногу ги бараат клиентите?

Покрај шведската (релакс) масажа најбарана е антистрес масажата,  која ја воведовме на барање на нашите клиенти и е спој на релакс масажа со употреба на акопресура односно со обработување на акопресурните точки по телото.

Скопје Инфо: Која е разликата помеѓу медицинска и релакс масажа?

Релакс масажата се изведува на целото тело и му овозможува на организмот внатрешен мир и релаксација, додека пак медицинската масажа се осврнува кон одреден сегмент од човековото тело каде што има болки, вкочанетост и намалена подвижност.

Скопје Инфо: Која масажа ќе ни ја препорачате да ја пробаме во спацентарот АннеСeмонин – Хотел Руссиа?

Моја препорака е ВИП третманот на АннеСемонин, 120-минутна нега на Вашето тело и лице.Овој третман се изведува во три етапи и тоа пилинг-ексофилиација на цело тело преку која се изфрлаат токсините од кожата, масажа со едно од природните масла за омекнување на кожата, враќање на еластичноста и тонусот на мускулатурата. Последниот чекор е нанесување на ботаничко млеко збогатено со шеа путер, хлорела и морска вода за збогатување на кожата со потребните состојки и враќање на сјајот.

Скопје Инфо: Kои се предности, а кои негативности д асифизиотерапевт?

Ова е една многу благородна професија. Најголемата предност да се биде физиотерапевт е помошта која може да ја пружиме на  луѓето со цел полесно да се рехабилитираат и да се чувствуваат убаво. Негативност ... хмм нема J

Скопје Инфо: Кои масажи најмногу ги бараатклиентите?

Покрај шведската (релакс) масажа најбарана е антистрес масажата,  која ја воведовме на барање на нашите клиенти и е спој на релакс масажа со употреба на акопресура односно со обработување на акопресурните точки по телото.

Скопје Инфо: Која е разликатапомеѓумедицинска и релаксмасажа?

Релакс масажата се изведува на целото тело и му овозможува на организмот внатрешен мир и релаксација, додека пак медицинската масажа се осврнува кон одреден сегмент од човековото тело каде што има болки, вкочанетост и намалена подвижност.

Скопје Инфо: Која масажа ќе ни ја препорачате да ја пробаме во спа центаро тАнне Сeмонин - Хотел Руссиа?

Моја препорака е ВИП третманот на АннеСемонин, 120-минутна нега на Вашето тело и лице.Овој третман се изведува во три етапи и тоа пилинг-ексофилиација на цело тело преку која се изфрлаат токсините од кожата, масажа со едно од природните масла за омекнување на кожата, враќање на еластичноста и тонусот на мускулатурата. Последниот чекор е нанесување на ботаничко млеко збогатено со шеа путер, хлорела и морска вода за збогатување на кожата со потребните состојки и враќање на сјајот.

Скопје Инфо: Kои се предности, а кои негативности да си физиотерапевт?

Ова е една многу благородна професија. Најголемата предност да се биде физиотерапевт е помошта која може да ја пружиме на  луѓето со цел полесно да се рехабилитираат и да се чувствуваат убаво. Негативност ... хмм нема :)