Влае ќе добие инклузивно детско игралиште

На  дваесеттата седница на Советот на Општина Карпош, советниците дискутираа по три предлог точки. Раководителката на Секторот за финансиски прашања Мирјана Ѓорѓиевска детално го образложи Годишниот извештај за финансиското работење на локалната самоуправа во изминатата 2018 година.

Како што нагласи Ѓоргиевска, согласно плановите за финансиско работење, програмите се  реализирале одделно по сектори и одделенијата во локалната самоуправа. Општината ги раздолжила своите обврски со преку 200.000 милиони денари, додека околу 260 милиони денари остануваат како обврска за раздолжување.

Советниците ја изгласаа и одлуката со која Советот на Општина Карпош дава согласност локалната самоуправа да ја комплетира целокупната техничка документација за завршната фаза за аплицирање на јавниот повик за добивање грант за објект - урбана опрема во вредност од 56.387 швајцарски франци, или во денарска противвредност од 3.044, 898.00 денари од Швајцарската агенција за соработка и развој. Средствата ќе се намената за реализација на проектот „Детско инклузивно игралиште“, кое треба да биде лоцирано во Урбана заедница „ Влае 1“ кај плоштадот „ Делфина“, веднаш до постоечкото детско игралиште.

Игралиштето ќе биде изградено на земјиште чиј што корисник е Општина Карпош. Тоа е  лоцирано во населбата Влае, а ќе зафаќа површина од  450 квадратни метри.

Како што истакна Александра Теова, заменик-раководителка на Секторот за развој на Општина Карпош, станува збор за  инклузивен проект, кој ќе опслужува деца со посебни потреби од повеќе општини, а не само од Општина Карпош. Предвидената локација во населбата Влае со близина е  адекватна и за соседните Ѓорче Петров и Сарај.

Во оваа фаза од огласот, Општина Карпош  е прворангирана со вкупно 45 бода, пред Општините Сопиште и   Ѓорче Петров. 

air max 90 essential sale