Владо Јаневски со голем концерт по повод 25 години кариера

Поп-пејачот и кантавтор Владо Јаневски ќе има концерт во Скопје по повод 25 години кариера.

Концертот е закажан за 16. март , во Вип Арена „Борис Трајковски“.

Картите за Владо се пуштени во продажба по цени од 500 до 1.400 денари.

Првичниот концерт на Јаневски кој беше одложен, требаше да се случи на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на Авалон продукција. Сега пак, концертот е во организација на Прагма продукција.

Во април 2015 година, Владо го имаше последниот голем концерт во Арена Борис Трајковски. Тогашниот настан беше во организација на Горила продукција, а проектот беше поддржаан и од Министерството за култура, поради придонесот на музичарот за афирмацијата на македонската музика. Го следеше осум илјадна публика.

Пејачот, текстописец и композитор, освен по евергрините е познат и по долгиот медиумски молк, кога со години не даваше изјави и интервјуа. Пред неколку месеци го прекина молкот и изјави дека јунскиот концерт го одложил бидејќи имал пробелми со грлото, но и временските услови во тој период биле лоши.

Околу тоа како опстојува 25 години на сцената, раскажа дека емоциите во неговите песни се она во кое што публиката се пронаоѓа и прави песните да живеат.